Младински политики по мерка на младите – со кои предизвици тие се соочуваат во Велес и во Градско?

Објавено: 3 април, 2026, во 11:30 часот

Младите од Велес и Градско беа двете општини од Вардарски плански регион, опфатени во истражување помеѓу нивните врсници во 20 општини на територијата на државата кои што имаа можност да соопштат што им недостасува за да бидат слушнати или нивните предлози и иницијативи да ги прифатат и овозможат да се реализираат локалните власти. Истражувањето е дел од националната проценка на влијанието на Законот за младинско учество и младински политики, со посебен осврт на разликите помеѓу урбаните и руралните општини. Истражувањето го спроведе „Про Локал“ од Битола. Рубин

Рубин Николоски е проектниот координатор кој со младите од Велес, како урбана и Градско како рурална средина разговараше за наодите од истражувањето овозможувајќи им да ги кажат своите мислења, идеи и потреби. Николоски за Дума.мк вели дека постојат предизвици од имплементирањето на Законот на локално ниво. Освен со мали буџети и само едно професионално ангажирано лице, Младински службеник кој што треба да ја раководи и Канцеларија за млади или во Младинските центри во урбаните средини тогаш  тешко се постигнува спроведувањето на законското решение. Во руралните средини е уште потешко.

Препораките од истражувањето кои се однесуваат на општините се јасно дорасјаснување на функцијата на Младинските совети или собранија, воведување на посебна ставка во буџетот со прецизна сума на финансиски средства и да обезбедат нивна транспарентност транспарентност на нивнототрошење. Николоски додаде:

Суштинската потреба на Законот за младинско учество и младински политики сепак е во имплементација која треба да ја понесе силен граѓански сектор. Без негово учество препораките ќе останат само добро напишан текст на хартија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.