Младите говорат: Средба со евроамбасадорот во Јуроп Хаус Велес

Објавено на 28 мај, 2025 во 15:57

Во Јуроп Хаус Велес, претставниците на Локалниот младински совет и млади од Велес имаа исклучителна можност да се сретнат со Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во нашата држава. Во отворена и инспиративна атмосфера, младите ги изразија своите визии, предизвиците со кои се соочуваат во локалната заедница и идеите за иднината на Велес и регионот. Средбата беше потврда дека гласот на младите е важен и дека со вистинска поддршка и партнерства, промените се возможни.

Во продолжение, претставници од Младинскиот центар Велес истакнаа дека средбата со амбасадорот беила инспиративна и продуктивна.

-Отворивме важни прашања за тоа како младите можат да бидат поконкретно вклучени во носењето одлуки и како Европската Унија може уште поефективно да ја поддржи младинската иницијативност на локално ниво, соопштија од Младински центар Велес.

Ваквите средби не само што ги мотивираат младите туку и испраќаат јасна порака дека нивниот глас е слушнат и ценет.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.