МВР: Апел до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови од СМС пораки

Објавено на 5 јули, 2025 во 10:29

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи бележи зголемен број случаи на испраќање на СМС пораки до граѓани од страна на манипулатори кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

„Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи.

Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно:
•        Не отворајте линкови од сомнителни испраќачи;
•        Не внесувајте лични податоци на непроверени страници;
•        Не одговарајте на вакви пораки;
•        Пријавете го случајот во најблиската полициска станица;
•         Блокирајте го бројот на испраќачот.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами,“ соопштија од МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.