„На 7 Април – на велосипед“, тура низ градските улици на ДСУ „Коле Неделковски“ поддржана од ЗГ „Велес бајкинг“ (видео и фото)
Објавено: 7 април, 2026, во 14:33 часот
Седумдесет учесници, ученици од деветто одделение во основните училишта во Велес и средношколци на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ учествуваа во велосипедската тура низ главните градски улици. Турата започна од училишниот двор каде директорот, Горан Богоевски, им посака добредојде на сите присутни на настанот по мотото: ,, Здравјето пред се”.
Велосипедската тура беше долга 5 км а учесниците ја возеа во времетраење од 25 минути. Стартот беше од училиштен двор за потоа да возат кон Трговски центар, во Нова населба, за потоа преку улица „Благој Ѓорев“ да стигнат до плоштад „Сармаале“ и да заобиколат по улиците „8 Септември“ и „Алексо Демниевски Бауман“ поминувајќи покрај поранешен “Жито Вардар“ и велешка „Маслодајна“ да се вратат во дворот на ДСУ „Коле Неделковски“.
Таму, на целта, учениците од угостителската струка, заедно со своите професори Марјан Малинов, Јане Гонев и Кристинка Пачукова, ги пречекаа со подготвени смути напитоци од природни или здрави овошја и зеленчуци.

Организацијата на велосипедската тура ја превзеде професорката Христина Трајкова, а во реализацијата се вклучија и професорите Златко Здравковски, Гушев Ангелче, Леонид Таневски, Орданче Амбарков, Монче Мајсторова, Симонче Мајсторов и Стојанче Иванов. Ја помогнаа и професионални велосипедисти на ЗГ „Велес бајкинг“.

На настанот учествуваа и наставниците по спорт и спортски активности од основните училишта: Снежана Балова, Никола Василев и Жарко Климкаров.

Турата ја обезбедуваа полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



