На брег на езеро „Младост“ уредена и пошумена нова парцела од акцијашите ветерани и ротаријанците (фото)
Објавено: 14 декември, 2025, во 15:21 часот
Нови 60 дрвја, дел од нив израснати, се засадени до парцелата со „јапонски цреши“ од страна на ЗГ „Акцијаш ветерани“ и велешките Ротаријанци. Во акцијата што заеднички ја изведоа акцијашите, вчера претпладне, прво беше уредена и посипана со нова земја вкупна површина од 500 м2 до постоечката а потоа беа засадени новите садници на брег на езеро „Младост“.

-Шест од засадените дрвја се израснати, високи над 2,5 метри додека останатите кои се од повеќе видови се повисоки од еден метар. Во партнерската акција, со заеднички сили, 17 членови на нашето здружение и 10 членови на Ротари клуб Велес успеавме да озелениме нова површина на брегот на велешко езеро која се наоѓа веднаш до првата, со „јапонски цреши“. Го собравме и сметот којшто беше расфрлан во банкините на патот. Во акцијата се вклучивме на покана на велешките Ротаријанци како дел од нивната вчерашна акција којашто се реализираше на територијата на Македонија,“ рече Горан Петков претседател на ЗГ „Акцијаши ветерани“.

Според Петков ова е последна акција што ја изведуваат годинава. Сепак нема долго да мируваат затоа што обезбедени се нови 200 садници што ќе ги насадат веднаш по завршување на претстојните Божиќни празници.
Убавка Јаневска
Фото галерија:




Според Петков ова е последна акција што ја изведуваат годинава. Сепак нема долго да мируваат затоа што обезбедени се нови 200 садници што ќе ги насадат веднаш по завршување на претстојните Божиќни празници.
Убавка Јаневска


