На работа се 9 од вкупно 11 приватни специјализанти во велешка Општа болница

Објавено на 1 јули, 2025 во 15:15

Најголем број од приватните специјализанти кои потпишаа Договор за работа, положија стручен испит и Англиски јазик се од интернистичката гранка. Интерно одделение во Општа болница Велес доби 3 специјализанти по Интерни болести и по 1 Гастроентерохепатолог, Нефролог и Ендокринолог.

Исто така, двајца приватни специјализанти по Гинекологија се  распоредени на работа на Одделението за гинекологија и акушерство додека еден Психијатар е дел од Нервно одделение.

Директорот Александар Бузалков рече дека покрај деветте деновиве на работа се очекува да дојдат уште двајца приватни специјализанти кои имаат потпишано договори за работа.

-Тоа се приватни специјализанти на медицинските гранки Гинекологија и на Радиологија. Двајцата треба да полагаат Стручен испит и Англиски јазик во текот на утрешниот  ден. Штом добијат резултати од испитите, секако дека се положени, ќе бидат дел од двете Одделенија на Општа болница Велес. Значи тие ќе работат под надзор на лекарите специјалисти во нашата болница и во исто време ќе специјализират, додаде Бузалков.

Ова е првата група на приватни специјализанти со која се пополнуваат испразнетите места во оваа јавна здравствена установа во Велес. Според проценките на менаџерскиот тим ќе бидат побарани и други решенија за амортизирање на недостигот на здравствена работна сила.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.