Над 800 моторџии дел од Мото собирот во Велес

Објавено на 15 мај, 2023 во 10:09

Повеќе од 800 моторџии од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, во саботата, беа дел од Мото собирот одржан на велешко езеро „Младост“. Сите љубители на мотоциклизмот, со кацига на глава, продефилираа низ велешките улици и упатија порака „Носи кацига, биди безбеден“ до сите учесници во сообраќајот, што всушност беше и мотото на собирот.

Исто така, за време на собирот, на велешко езеро, полициски службеници помеѓу присутните делеа летоци со едукативни содржини за тоа колку е потребно да се носи кацига при возење на мотоцикл.

Во текот на денот но и во вечерните часови, сите присутни имаа можност да уживаат во добра музика и дружење на првата плажа на езерото.

Овој мото собир во Велес, после неколку години пауза, беше организиран од страна на ЗГ „Носачи на крстот“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.