Наместо во подземните контејнери, велешани сметот го оставаат околу нив, ЈКП „Дервен“ со апел

Објавено: 13 април, 2022, во 10:45 часот

Рафрлан смет околку двата подземни контејнери, поставени наспроти велешкиот театар, е слика којашто утрово ја забележале вработените во комуналното претпријатие „Дервен“, иако контејнерите биле полупразни. Како што соопштуваат од ЈКП „Дервен“, несовесни граѓани го оставаат сметот околу подземните контејнери.

– Апелираме до граѓаните сметот да го оставаат во контејнерите и да не ја загадуваат околината каде пред се самите тие живеат. Ако сакаме да живеме во чиста животна средина, мораме сите да вложиме напор. Благодариме однапред, пишува во соопштението на ЈКП „Дервен“.

Инаку комуналните работници, по пријава од страна на граѓаните, секојдневно чистат различни локации во градот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.