Наноси од земја на улиците, попла кај пиљара и паднато дрво врз електрични жици од невремето вчера вечер во Велес

Објавено на 5 август, 2025 во 11:15

По вчерашното попладне кога велешките улици беа поплавени со дотеци на голема количина на вода, којашто се слеваше од околните ридови, најголема количина на наноси од земја се создадоа на улица „Благој Ѓорев“. Затрупан со наноси беше делот на кружниот тoк кај „Авона“. Таму како и во останатите делови на градот чистеа работниците на ЈКП „Дервен“.

Според информации на Регионалниот Центар за управување со кризи Велес атмосферска вода се прелеала од канализацијата на улица „Благој Ѓорев“ и поплавa на деловен простор кај пиљара. Интервенција била побарана и од жители на колективна зграда на улица „Димитар Влахов“ бр. 27 каде биле поплавени подземни простории наменети за лифт.

Исто така, невремето скршило дрво во комплекс УЗУС кое паднало врз електрични жици на електромрежата околу 20:35 часот кое било отстрането од екипа на ЈКП „Дервен“ во 21: 45 часот.

Одрон на карпи се свлекол и на автопатот Скопје – Велес, по наплатна станица „Сопот“, каде интервенирале работници на ЈП„Македонија пат“. Тие го исчистиле одронот и го оспособиле автопатот за непречено одвивање на сообраќајот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.