Нападнати полициски службеници во Кавадарци и двајца граѓани каснати од куче

Објавено на 11 мај, 2021 во 11:43

Физички нападнати полициски службеници коишто ивршувале службени задачи. Лишен од слобода е 44 годишниот кавадарчанец Г.Т. Настанот се случил околу 13:30 часот на улица „Дисанска“. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во полицискиот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, се пријавени и две каснувања од куче. Првиот случај во Кавадарци и вториот во Велес.

Во првата пријава, 29 годишната А.Н соопштила дека на улица „Блажо Алексов“ била касната од домашен миленик, куче, коешто било пуштено без надзор од сопственикот. Тоа се случило во Кавадарци, вчера. Според полицијата случајот е евидентиран и ќе следува поднесок против сопственикот на домашниот миленик.

Во вториот случај, 25 годишниот М.Д од Чашка, пријавил дека бил каснат од бездомно куче на улица „Борис Трајковски“ во Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.