Наташа Јанушева нова в.д директора на велешката детска градинка „Димче Мирчев“
Наташа Јанушева од 25 јуни, годинава е назначена за нова в.д директорка на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ Велес. Јанушева по втор пат е назначена за в.д директорка на институцијата, поточно во 2017 година за прв пат ја извршувала оваа функција.
Инаку своето прво работно искуство во велешката детска градинка Јанушева го започнува во 2012 година како воспитувач волонтер и на оваа позиција работи во наредните три и пол години поточно до 2015 година кога продолжува да работи на работната позиција воспитувач. Потоа, во 2017 е назначена за в.д директорка па продолжува да работи како воспитувач се до 2021 година кога е именувана како раководител во објект 3 – Детелинки.
Сега на позицијата в.д директорка доаѓа од работното место раководител во објект 3 – Детелинки.
Инаку Јанушева има завршено факултет за предучилишно образование – воспитувач.
Стефани Манева