Неготинец измамен при обид за вработување во странство

Објавено на 28 мај, 2025 во 15:00

Триесетдеветгодишен жител на Неготино пријавил измама поврзана со наводна понуда за вработување во странство, информираа од Сектор за внатрешни работи Велес.

Според пријавата, измамата започнала во август 2024 година, кога оштетениот на социјална мрежа забележал оглас за работа надвор од државата. Откако стапил во контакт со лице од Тетово, започнале телефонска комуникација и му уплатил 12.000 денари на банкарска сметка, како аванс за организирање на патувањето и вработувањето.

Подоцна, на 7 април 2025 година, мајката на пријавителот уплатила дополнителни 300 евра на истото лице, по што комуникацијата со тетовчанецот била целосно прекината. Откако повеќе не успеал да стапи во контакт со него, оштетениот сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.

Од Сектор за внатрешни работи Велес велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителот. Се апелира до граѓаните да бидат внимателни при аплицирање за работа преку социјалните мрежи и да не уплатуваат средства без проверени информации.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.