Неготинец тепал малолетничка, приведен е во полиција
Објавено на 13 декември, 2024 во 12:53
Ноќеска, триесет минути по полноќ ,полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино го лишиле од слобода М.Б.(25) од Неготино, постапувајќи по пријава дека физички нападнал малолетничка, со која бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.
-М.Б. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева