И Неготино засвети предпразнично!
Градскиот плоштад во новогодишен амбиент.
Украсено е централното градско подрачје, најфрекфентниот простор,градскиот плоштад како и установите и институциите . Централното место го завзема новогодишната елка поставена до бината и декорирана со светлосни и други украсни елементи. На плоштадот се поставени и тезги на кои се продаваат новогодишни честитки и украси.Градот празнично ќе биде украсен до средината на јануари идната година.
Општината го стори своето, заврши со украсувањето на централните улици и плоштадот претежно користејќи ги светлечките украси од претходните години. Сега за што попразнична атмосфера, се очекува свој придонес да дадат сопствениците на продавници, бутици, кафетерии и ресторани со украсување на излози,поставување на светлечки фигури или друг вид на новогодишни украси, внатре и пред објектите.
Неготинци, на градскиот плоштад, ќе имаат организиран дочек на нова година со забава што ќе им ја приредат локални естрадни уметници. Ноќта на 31 декември ќе работат сите угостителски објекти поточно ресторани и кфетерии во центарот на градот а локалната власт граѓаните на полноќ ќе ги почести со огномет.