Се става ли ред во такси превозот?
Кавадаречко такси возило кое превезувало патници без лиценца е одземено при сообраќајна контрола во Неготино.
Контрола била извршена од инспекторот по патен сообраќај при локалната самоуправа на повеќе возила, кои во моментот вршеле превоз на патници, а не биле регистрирани за таа дејност на територијата на општина Неготино. Возилото на таксистот од Кавадарци не поседувало лиценца ниту за такси превоз.
Во повеќе наврати инспекторката им укажувала на таксистите од соседно Кавадарци дека немаат право да вршат превоз без соодветна лиценца, но тие не ги разбирале сериозно предупредувањата и продолжувале да извршуваат такси превоз.
Инспекторката најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, а ќе следуваат санкции за сите кои работат на “диво“.
Според зборовите на инспекторката и покрај многубројните укажувања од нејзина страна до таксистите од соседната општина Кавадарци дека немаат право да вршат превоз без соодветната лиценца за тоа, сепак тие продолжувале со возење патници.