Лицата со полесен ментален хендикеп успешно се интегрираат во заедницата!
Во Неготино има седум дом заедници во кои живеат вкупно 28 лица, со пречки во менталниот развој.
Граѓаните кои претходно живееле во институција,да имаат подобар, похуман и поосмислен живот, е целта на процесот на деинституционализација кој неколку години се спроведува во Неготино. Тој им помага на овие лица што поедноставно да се вклопат во сите сфери на живеење.
Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака” во соработка со Министерството за труд и социјална политика го спроведуваат овој проект. Тие им помагаат на лицата со пречки во менталниот развој, по престојот во специјалниот заводот во Демир Капија, да започнат процес на осамостојување во таканаречени “Дом –заедници”. За нив се изнајмени куќи и станови за живеење и во нив лицата со полесен ментален хендикеп живеат во групи од по 4 лица, учат да водат грижа за себе и да ги исполнуваат секојдневните обврски. Од друга страна нив им се помала за што полесна и поедноставна интеграција во општествениот живот.
Бидејќи за прв пат во државата токму во Неготино се отворени најмногу, седум дом заедници, во кои престојуваат 28 лица со попреченост во менталниот развој, градот е прогласен за лидер во процесот на деинституционализација.
Сите овие граѓани кои сега живеат во дом заедници во Неготино претходно биле штитеници на специјалниот завод во Демир Капија. Сега нив ги надгледуваат луѓе од службата за домување која им помага во процесот на осамостојување и социјална инклузија во заедницата.