Неготинци на Богојавление – Водици ќе се соберат околу Пепелишки мост!
Објавено на 16 јануари, 2013 во 08:41
Светиот Крст по кој ќе скокнат пријавените кандидати и годинава ќе биде флелен од овој мост на реката Вардар.
Во сабота, на одбележувањето на христијанскиот празник, илјадници граѓаните на Неготино ќе дојдат за да го проследат овој настан.
Утрото, на 19 јануари, во 9 часот, во црквата „Свети Атанасиј“ ќе се отслужи литургија и ќе се освети водата во фонтаната, а напладне е закажан чинот на осветување.
Традиционално на брегот на реката доаѓаат и граѓани од околните населени места. И годинава тоа ќе се случи точно во 12 часот а на најсреќниот и најхрабар Неготинец во чиј раце ќе заврши Светиот Крст општина Неготино ќе му подари телевизор.
Манифестацијата ја помага локалната бизнис заедница и граѓани со доброволни прилози.
