Отпор дистрибуираше весник во Неготино!
Преку него ќе ги информирале граѓаните и за втората страна на информациите.
Сојузот за иднината до неготинци го дистрибуираше првото издание на весникот „Слободна Македонија“.
Весник ќе известува објективно, реално, без резервно или со еден збор ќе ја покажува другата поточно вистинската страна на информацијата, рекоа од здружената опозиција. Тие информираа дека во Слободна Македонија ќе биде објавувана информација која „мегафоните на власта“ потплатени и купени со народни пари не ја објавувале.
Според кандидатот за гардоначалник на Неготино од здружената опозиција сите вести кои власта не сакала да ги знае народот ќе можеле да се прочитаат токму во весникот на Отпорот.
“ Само добро информиран народ може да донесе правилни одлуки. Наша цел е граѓаните на Неготино да ја имаат вистинската слика за случувањата во Македонија. Па ако е потребно и на ваков начин ќе се бориме вистината да стигне до неготинци. Моите сограѓани го заслужуваат тоа “ рече Филипова.
Од тимот на Филипова изјавија дека со вакви методи и слични настани ќе продолжат и во иднина бидејќи целта им била неготинци да ја слушнат вистината .