Се поправа мостот на реката Вардар кај Пепелиште!

Објавено на 22 мај, 2013 во 07:06

Се бетонираат двата бунара на столбното место број пет на оштетениот мост.

-„Се работи токму за местото каде што пропадна мостот, за 15 сантиметри, и затоа беше издадена забра за употреба или за одвивање на сообраќај на лесните возила и пешаците. Тие се пренасочени преку заобиколен пат“,велат од фирмата која врши надзор на санацијата на оштетениот мост Геинг од Скопје.

Исто така пренасочување има и на тешките товарни возила кои патуваат од Неготино кон Штип и обратно да се движат преку Велес.

Од фирмата посочуваат дека кога ќе се завршат со бетонирањето и изградат нови столбови ќе се пристапи кон останатиот дел што го предвидува санацијата нa други помалку оштетени столбни места. Иако со работа започнале на 3 април, годинава засега високиот водостој на Вардар им создавал проблеми. Сепак предвидуваат дека ќе завршат во рок за санација кој изнесува 150 дена.

Со оглед на тоа дека овој мост е изграден во далечните 70 – ти години и досега не била извршена целосна санација се очекува до крајот на годината од страна на ЈП за државни патишта да биде подготвен проект за целосна поправка која би се вршела во наредната година./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.