Ученици од Тиквешијата денеска кажаа НЕ за екстерното тестирање!

Објавено на 22 мај, 2013 во 18:22

Неколку стотици ученици од Неготино и Кавадарци денеска излегоа на протести и порачаа: „Не за екстерното, да за нормалното тестирање“. Најпрво пред училиштето, а потоа и во градот тие го изразија своето незадоволство од некоректната според нив, одлука на Министерството за образование.

Во Кавадарци точно напладне револтираните ученици го блокираа влезот во општинската зграда.

„Сметам дека со екстерното тестирање ни наштетуваат и нас и на професорите. Затоа мислам дека не е фер  недоволно информирани да правиме тестирање што секако нема да има и добри резултати. Сметам дека ваквото тестирање ќе влијае повеќе негативно кај учениците затоа што за четири дена не може да се научи целиот материјал а тоа ќе значи дека оценката која ја имаме не ни е заслужена“,вели ученичка од СОУ Свети Кирил и Методиј од Неготино..

Ваквата одлука на ресорното Министерството ги налути наставниците, учениците и родителите,  кои посочија дека за  нив најголемиот проблем е тоа што нивните деца со ова ќе  треба да го подготвуваат материјалот кој го изучувале преку цела година.

Според експертите, пак, екстерното оценување им  штети на учениците и на наставниците,  а влијанието на оценката од овој тип е трауматично за учениците и го обезвреднува нивниот труд постигнат во текот на учебната година./ Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.