Неготински професор злоставувал малолетничка

Објавено на 23 мај, 2013 во 11:34

Неготинската полиција денеска поднесе поднесе кривична пријава против 54 годишниот професор Т.Б. вработен во  СОУ„Свети Кирил и Методиј“ во Неготино за сторено кривично дело “обљуба со злоупотреба на положбата“.

Според полициските информации професорот на 17 овој месец, во просториите на библиотеката на училиштето, во неколку наврати извршил други полови дејствија над 15 годишна ученичка, а во текот на целата учебна година и зборувал за непристојни работи.

Дума.мк  дознава дека пријавениот бил повикан на информативен разговор во ПС Неготино каде е и задржан а се очекува утре да биде изведен пред истражен судија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.