Придобивки и одговорности од функционирањето на земјоделските задруги!

Објавено на 19 јуни, 2013 во 13:10

-„Земјоделците се заинтересирани да слушнат кои се новите законски измени за земјоделските задруги и кои се потенцијалните можности да се регистрира една ваква форма на здружување, што се е потребно да се направи за да функционира една земјоделска задруга. Наједноставен чекор е да се регистрира но потежок е процесот на развивање на самата задруга“,беше речено на денешната презентација во Неготино насловена како Екомонски форми на здружување .

Окрупнување на земјиштето и на производството, поголема конкурентност и подобар пласман се клучните придобивки од формирањето земјоделски задруги, процес кој предизвика сериозна заинтересираност кај неготинските земјоделци.

Според Марија Анѓушева Ковачевиќ од ФФРМ земјоделците секојдневно се соочуваат со нови промени, нова законска рамка, свесни за конкуренцијата што ја имаат во земјоделското производство.

– Со донесување на законот за земјоделски задруги, се поголем е интересот на земјоделците за здружување, зашто овде гледаат подобра реализација на откупот, подобрување на квалитетот на производите, намалување на трошоците за производство, подобро информирање и едуцирање,- рече Ковачевиќ.

Инаку, обемот на земјоделската задруга зависи од бројот на членови на задругата, од мал обем е задруга со најмалку десет, а најмногу 19 члена, додека земјоделска задруга од голем обем е задруга со најмалку 20 члена.

Земјоделска задруга може да основаат најмалку десет земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Едно земјоделско стопанство, член во земјоделската задруга, не може да има повеќе од 30% од вредноста на производствените капацитети во земјоделската задруга”, стои во Законот за земјоделски задруги./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.