Општина Неготино издава под закуп урбана опрема во центарот на градот

Објавено на 9 февруари, 2021 во 10:04

urbanaopremaopstinanegotino

09.02.2021

Согласно одлука на Советот на општината, по пат на јавно наддавање, Oпштина Неготино издава под закуп урбана опрема која се наоѓа во центарот на градот.

Станува збор за 3 мали куќички со површина од 4м2, кои ќе бидат наменети за продажба на вино, мед, сувенири и друго, а кои се лоцирани на градскиот плоштад. Истовремено се издава и киоск кој е во склоп на автобуската постојка лоциран спроти општинската зграда со 4,5 м2.

Издавањето на урбаната опрема ќе се реализира по пат на електронско јавно наддавање. Право на учество во јавното наддавање имаат сите правни и физички лица од РСМ, а објавата трае 15 денови заклучно со 16.02.2021 година.

Јавното наддавање ќе се одржи на 19.02.2021 година со почеток од 12,00 часот електронски на следната интернет страница www.e-stvari.mk. Врз основа на проценетата вредност на урбаната опрема, висината на почетната месечна закупнина за секоја од поединечната урбана опрема изнесува 530 денари, а договорот за закуп со најповолниот понудувач ќе биде со времетраење од 5 години, информираат од општината.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.