Неготинските пожарникари, минатата година, гаснеле 80 пожари на отворен простор

Објавено: 12 февруари, 2026, во 13:02 часот

Од вкупно 129 интервенции во општините Неготино и Демир Капија, пожарникарите спасители на Територијалната противпожарна единица 80 биле гаснење на пожари на отворен простор.

Столе Атанасов, командир на неготинската територијална противпожарна единица, соопшти дека останатите интервенции биле над 12 куќи зафатени од пожар, 15 оџаци и 19 контејнери. Исто така пожарникарите спасители интервенирале и во две  сообраќајни несреќи и над 10 запалени возила.

Граѓаните треба да внимаваат на грејните тела во екот на сезоната на затоплување на домовите и да бидат внимателни за да не се најдат во ситуација на пожари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.