Нова учебна година со уште помал број на првачиња, ќе се намалуваат паралелките
Објавено: 17 јуни, 2026, во 09:41 часот
Во општинските основни училишта во Велес досега се запишани 376 првачиња или 16 помалку од оваа учебна година. Бројката не е конечна, уписите траат до септември годинава поточно се до почетокот на учебната 2026/2027 година.
Според надлежните, сепак, веќе е извесно дека бројот на ученици кои за првпат ќе седнат во училишните клупи ќе биде помал во споредба со минатата година, кога во прво одделение во велешките основни училиште беа запишани 392 ученици.
Ваквата состојба ја наметнува потребата основните училишта пред почетокот на новата учебна година да достават бараат од Советот на Општина да дадат согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици по претходно добиено позитувно мислење и согласност од Министерството за образование и наука.
Општо познато е дека главна причина за намалениот број ученици е континуираниот пад на наталитетот и иселувањето на младите семејства.
Дијана Иванова

