Нови перници и чаршави донација за велешката болница од двајца хуманитарци од дијаспората

Објавено на 15 април, 2025 во 11:45

Велешката болница доби нови перници и чаршави со кои ќе се подобрат условите за престој на пациентите. Како што велат од болницата овој гест на хуманост пристигнал од две благородни срца – брат и сестра од дијаспората, кои одлучиле да останат анонимни, иако зад себе оставиле голема благодарност и инспиративен пример.

-Нивната желба да помогнат е уште една потврда дека хуманоста не познава граници. Иако далеку од родната земја, нивната поврзаност со Велес и грижата за болницата се покажаа токму преку оваа вредна и исклучително корисна донација, објаснуваат од ЈЗУ Општа болница Велес.

Оттаму особена благодарност упатија и до велешанецот Ацо Думовски, кој со својата посветеност и ангажман одиграл клучна улога како посредник, со што помогнал донацијата безбедно и навремено да стигне до болницата.

Исто така, признание беше упатено и кон фирмата Невро Комерц и сопственикот Марко Ѓорѓиевски, каде биле изработени перниците и чаршавите.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.