Новоизмамени жена и маж од Кавадарци со по 4.900 евра, засега граѓаните се оглушуваат на апелите на полицијата да не даваат пари на непознати лица!

Објавено: 6 март, 2026, во 13:49 часот

Продолжуваат измамите со пари од лажни лекари но се појавуваат и нови измамници кои се претставуваат како брокери па мамат со вложување на финансиски средства за тргување на берза.

На 81-годишна кавадарчанка  едно лице и се јавило на телефон и се претставило како лекар кој кажал дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да и се изврши оперативен зафат за што требало таа да плати 300 000 денари, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Жената поверувала и постапила според тоа што се договориле, поточно вчера вечер, во 21:00 часот излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

Седим ипол часа претходно, 56-годишен кавадарчанец во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, пријавил дека бил измамен од неколку лица за сума од 4.900 евра. Тој на полицијата и кажал дека преку интернет контактирал со лица, кои се претставиле дека се од странска компанија и го навеле да уплати пари на компанија со цел да инвестира на берза.

Кавадарчанецот во неколку наврати ги уплатил парите, а подоцна кога лицата побарале да изврши дополнителна уплата од 10 000 евра, за да може да изврши поврат на парите што ги вложил, сфатил дека бил измамен.

Од Сектор за внатрешни работи додадоа дека се превземале мерки за расчистување на двата случаи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.