Обезбедена нова количина канти за отпад за домаќинствата во руралните велешки населени места
Објавено: 28 јануари, 2026, во 08:37 часот
Новата количина од 1150 канти за отпад ги обезбеди Општина Велес во соработка со Бирото за регионален развој. Тие се наменети за домаќинствата во руралните средини на територијата на општината. Дистрибуцијата ќе ја реализира ЈКП „Дервен“.
Веста на својот Фејсбук профил ја соопшти градоначалникот Марко Колев објаснувајќи дека е дел од подигнувањето на свеста на граѓаните за здрава и чиста животна средина и во руралните средини.
Општина Велес од 2014 година, континуирано, одвојува финансиски средства од буџетот за набавка на канти за отпад и ги дели на велешките домаќинства во градот, приградските и во населените места.
Убавка Јаневска


