(Обновено) Попладнево во Велес се случи двојно убиство и самоубиство – заврши увидот и телата испратени се на обдукција

Објавено: 15 септември, 2025, во 19:50 часот
Фото: Куќата со зелената влезна порта е семејната куќа на убиените Велешани, ќерка и татко

Во официјално соопштение за трагичниот настан во Велес, којшто се случи попладнево, Секторот за внатрешни работи излезе со официјално соопштение за јавност.  Во соопштението пишува:

„Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.  Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет  пронајден е и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.

Увид  врши јавен обвинител заедно со увидна екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ пишува во соопштението.

Потврда дека увидот заврши, како и дека обезбедени се докази соопшти Основен јавен обвинител на подрачје на Велес, Цветанка Богоевска. Обвинителката додаде дека извршени биле разговори со лекарите во Општа болница Велес и телата се испратени на обдукција во Институтот во Скопје.

На лице место, семејната куќа на сега веќе убиените Велешани, ќерка и татко, ја обезбедуваат полициски службеници. Пред куќата дојдоа неколкумина пријатели на убиената Велешанка кои кажаа дека неа ја пронашле на десеттина метри пред домот, токму под градскиот Јавор, во близина на Саат кулата во Велес. Тие им раскажуваа на полициските службеници за тоа како нивната пријателка повеќе пати пријавувала малтретирање од скопјанецот И.С во полиција додека соседи тврдеа дека неа пред неполни два месеци и бил украден и личниот автомобил.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.