(ОБНОВЕНО) Убод на нож во пределот на вратот, што го задал синот, бил кобен по животот на мајката во Росоман

Објавено: 30 март, 2026, во 13:24 часот

Убодот на ножот во вратот на 54 годишната жена, којшто и го задал синот, 27 годишниот И.Р, бил кобен по животот на мајката. Таа спиела кога нејзиниот син го извршил убиството. Тие биле сами во нивниот дом во Росоман а сопругот и татко бил на работа.

Полициските службеници го привеле И.Р откако сам се пријавил. Тој се наоѓа во Полициска станица на Одделение за внатрешни работи Кавадарци. По завршувањето на увидот од страна на Увидната екипа ќе започне полицискиот распит.

Ножот се наоѓал во вратот на жената и кога јавен обвинител на ОЈО Кавадарци стигнал на увидот. Обвинителот подигнал и други докази од домот каде што било извршено убиството, утрово, околу 07:30 часот и веќе издал наредба по завршување на увидот ,лешот на починатата жена да се предаде на обдукција. Исто така до судија на претходна постапка подготвува барање за определување на мерка притвор за И.Р во времетраење од 30 дена. Изведувањето на И.Р пред судијата на претходна постапка во Основен суд Кавадарци се очекува денеска, околу 15:00 часот.

Според првичните информации поврзани со убиството, мајката и синот се лекувале од психички заболувања.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.