(Обновено) Возилото што изгоре кај автобуската во Велес претходно било одземено пред домот на сопственикот
Објавено на 19 мај, 2025 во 12:58

Опожареното возило на паркинг просторот кај автобуската станица во Велес било со велешки регистарски ознаки, марка „мицубиши“ и во сопственот на седумседет и четири годишнот велеланец К.К., соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Како што пишува во дневниот билтен пожарот бил пријавен во 05:30 часот, вчера и нема повредени лица во пожарот кој бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Велес.
-Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес. По преземени мерки е утврдено дека е пријавено дека возилото претходно е одземено од пред домот на сопственикот, соопшти Билјана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева
