Одбележана 76 годишнината од смртта на хероината Мирка Гинева во Велес

Пред бистата на Гинова во Велес, денеска, се одбележаа годишнината од смртта на македонската хероина, 73 годишнина од крајот на граѓанската војна во Грција во која загинаа борците од Егејска Македонија како и 74 години од егзодусот на децата бегалци.

Делегации на Општина Велес, на Општина Градско, на Здружението на Македонците од Егејска Македонија „Ѕвезда“ од Велес, на Сојуз на борците, на Здружение на пензионери Велес, на Сојузот на здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“, на политички партии, на Здружение „Мирка Гинова“ од Штип, на Здружение „Герман“ од Скопје, на Здружение „Сонцето од Кутлеш“ од Скопје, како и роднини и пријатели на загинатите борци положија свежо цвеќе и оддадоа почит.

„Мирка Гинова е деец и борец за слобода и демократија во времето од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти се борела против фашистичките окупатори на Грција, подоцна и против силите на реакцијата и монархофашизмот. Камбаните ѕвонат за сите упокоени, загинати и за Мирка Гинова, македонската хероина“, рече меѓу другото во своето обраќање претседателот на Светскиот Македонски Конгрес и генерален секретар на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Тодор Петров.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од загинувањето на борците од Егејска Македонија беше промовирана книгата на поетесата Славјанка Љуткова „Солзи и сеќавања“.
Убавка Јаневска
