Одобрени субвенции за сончеви колектори за 43 граѓани од Општина Велес
Објавено: 24 јули, 2025, во 09:51 часот
Општина Велес официјално одобри субвенции за 43 граѓани кои аплицираа за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на сончев термален колектор во 2025 година. Станува збор за баратели кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 2 април 2025 година.
Субвенционирањето е дел од заложбите на локалната самоуправа за поддршка на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Советот на Општина Велес претходно донесе Одлука со која го утврди максималниот износ на субвенција што може да се додели на едно физичко лице.
Постапката ја спроведе посебна комисија која ги разгледа сите пристигнати апликации согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општината за оваа намена. Комисијата подготви и достави Предлог-одлука до Градоначалникот, кој ја потпиша конечната одлука за доделување на субвенциите.
Субвенциите ќе овозможат граѓаните да ги намалат трошоците за енергија, додека воедно се поттикнува еколошки одржлив начин на живеење.
Списокот на 43 лица кои имаат одобрено средства може да го видите тука.
Стефани Манева


