Ограбена и измамена возрасна кавадарчанка од лажен полициски инспектор
Лажен полициски инспектор ја измамил седумдесет и три годишната кавадарчанка нудејќи и спас за нејзиниот внук и неговата девојка за која информирал дека со автомобил удриле дете мигрант. Тој од жената побарал 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор. Веста веројатно ја вознемирила жената којашто за да ги спаси внукот и неговата девојка искрено му соопштила дека таа има само 100.000 денари и 450 евра.
Измамникот се сложил да ги земе парите што жената ги имала по што било извршено примопредавање на парите. Од тој момент лажниот полициски инсепктор ги прекинал сите контакти со измамената жена.
Измамената жена случката ја пријавила вчера, околу 11:30 часот во ОВР Кавадарци.
Од СВР Велес информираат дека работат на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава. Оттаму апелираат поради ваквите зачестени случаи граѓаните да внимаваат и никому да не веруваат туку информациите од измамниците редовно да ги пријавуваат и проверуваат во полициските станици.
Стефани Манева