ОИК Велес: Отворени навреме избирачките места, првата излезност на Велешани изнесува 3,16 %   

Објавено на 19 октомври, 2025 во 10:02

Излезноста на гласачите на денешното гласање за локалните избори во општина Велес   до 9:00 часот изнесува 1.416 или 3,16 %  од вкупно 44.950 гласачи кои гласаат на 83 избирачки места, соопшти Општинската изборна комисија. 

Во текот на вчерашниот ден своето право на избор го искористиле 66 од пријавени 69 болни и немоќни лица како и 22 граѓани од пријавени 29 кои издржуваат казна затвор во Одделението на КПУ Идризово во Долно Оризари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.