ОЈО Кавадарци поднесе обвинение за ширење омраза и дискриминација против Неготинец

Објавено: 15 ноември, 2025, во 10:48 часот

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври, на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори“ пишува во соопштението на Обвинителството.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.