ООУ „Блаже Конески“ од Велес,годинава, ги „собра“ наградите на државниот натпревар по Биологија, ученикот Коциќ му го донесе највисокото државно признание

Објавено на 4 јуни, 2025 во 10:38

Со својување на првото место, ученикот Лука Коциќ  од деветто одделение, под менторство на наставник Ружица Петрушевска Николовска,  во конкуренција на  вкупно 250 учесници од Македонија, на ООУ “Блаже Конески“ Велес му го донесе највисокото можно признание на Државниот натпревар по Биологија .

Осмооделенецот Павел Несторовски под менторство на наставничката Весна Мешкова го освои третото место во конкуренција на учениците кои се натпреваруваа како осмоодделенци.

Годинава и учениците од седмо одделение покажаа дека кога е предметот Биологија во прашање тогаш немаат конкуренција во Македонија затоа што Анна Наумова, Марија Талевска и Лина Ѓуровска ги освоија првите награди, кај Теа Севдинова и Мила Јорданов, завршија вторите награди додека нивните врсници Росана Давчевска и Христина Здравковски освоија трети награди. Ментор на сите седум ученици е наставничката Ружица Петрушевска Николовска.

Од ООУ „Блаже Конески“ соопштија дека се горди на своите ученици и им посакаа  уште многу успеси во иднина. Воедно упатија благодарност и до менторите кои со љубов и посветеност ги насочуваат учениците на вистинскиот пат кон знаењето.

Државниот натпревар по биологија за ученици од VII, VIII и IX одделение се одржа, на Природно-математичкиот факултет, минатата сабота, кога учениците на велешкото ООУ „Блаже Конески“ се стекнаа со титули на фаворити без конкуренција.   

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.