Општа болница Велес има Компјутерски томограф, но исто како да го нема

Објавено на 5 октомври, 2022 во 16:58
Фото: Архива Дума.мк

Три  месеци по инсталирањето во болницата во Велес сеуште не е ставен во функција компјутерскиот томограф. За да проработи медицински апарат потребна е дозвола за амбиентален дозен еквивалент оточно гаранција дека зрачењето од работата не е витално загрозувачко по здравјето на пациентите и на медицинскиот персонал. Дозволата се добива за ден до два велат од Дирекцијата за радијациона сигурност, штом медицинскиот апарат го провери Технички сервис.

-Тоа е екипа на стручни лица,медицински физичари, коишто доаѓаат и на лице место го мерат зрачењето. Измерените вредности  се клучни за издавање на дозволата за работа на апаратот. Медицинската установа ги препраќа до дирекцијата која ги разгледува и одлучува да издаде или не  дозвола , рече Емилија Петрова од Дирекцијата за радијациона сигурност.

Според Петрова, Општа болница Велес добила дозвола за работа на новите рентген  апарати откако ја завршила постапката на мерење на јонизирачко зрачење. Но, не и за Компјутерскиот томограф. Оваа државна институција го чека уште извештајот  од измереното зрачење на овластена Техничка служба.

По завршување на годишните одмори, Дума.мк, во неколку наврати се обиде и не успеа да го праша директорот на Општа болница Велес, д-р Божидар Бојаџиев, до каде е постапката со добивање на дозволата за работа на компјутерскиот томограф. Претходно, д-р Бојаџиев изјави дека апаратот ќе биде ставен во употреба до крајот на месец јули, годинава. Но, два месеци подоцна компјутерскиот томограф сеуште нема дозвола за работа.

Велешка болница без овој апарат, многу значаен во дијагностиката, е цели 10 месеци. Откако минатата година, во декември, се расипа постоечкиот томограф поминаа шест месеци додека го доби на услуга сегашниот од Клиниката за ренгенологија. Од монтирањето на томографот поминаа уште два месеци но апаратот нема дозвола за работа. Исто толку време пациенти од Велес неопходни снимања вршат во Клинички болници и клиники во Штип и во Скопје.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.