Општа болница Велес пред повторно издавање на услуги за КТ рентген снимања
КТ здравствениот апарат е монтиран на одделението за Рентген во ЈЗУ Општа болница Велес. На компјутерскиот томограф што го доби од Клиниката за радиологија во Скопје, по инсистирање на Министерството за здравство, е измерена радијацијата. Сега болничката управа и рентгенолозите, лекари и техничари, ги очекуваат резултатите. Тој документ единствено недостасува за да може медицинскиот апарат да биде пуштен во употреба.
-Според најавите на фирмата којашто го измери рентген зрачењето од медицинскиот апарат резултатите треба да ги испрати наредната недела. Доколку тие се добри, зрачењето е ниско, тогаш КТ апаратот ќе може да функционира најдоцна за 10 дена, рече директорот на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Божидар Бојаџиев.
КТ апаратот е од марката „Сименс“, 32 слајден и двојно поквалитетен од претходниот купен со државни пари. Според најавите на министерството за здравство овој медицински апарат ќе се користи се додека не набави нов, за потребите на болницата во Велес.
Државата, стариот КТ апарат во велешка болница, го купи и монтираше во 2009 година. Многу значајниот медицински апарат за дијагностика поради преоптеретеност и набавки на делови често не работеш. Последен пат се расипа, лани во месец декември. Од тогаш ЈЗУ Општа болница Велес е без КТ рентген апарат.
Убавка Јаневска