Општа болница Велес стави во функција нов Рентген апарат, наскоро очекува втор којштo е мобилен

Објавено на 22 јули, 2022 во 15:26
Фото: Одделение за Рентген во ЈЗУ Општа болница Велес

Дигитален Рентген апарат, кој е далеку по софистициран од постоечкиот, донација е од Амбасадата на Јапонија и јапонскиот народ. Медицинскиот апарат работи на принцип снимање и пренесување на снимките на ЦД. Тоа значи дека на пациентите им го скратува времето на добивање на резултатите кои се дигитални наместо досегашните работени на аналоген систем.

Овој медицински апарат е статичен. Поставен е на одделението за Рентген снимање. Велешка болница, исто така, очекува уште еден којшто ќе биде подвижен рентген апарат купен од Министерството за здравство. Тој првично ќе биде наменет за Модуларната болница. Но, според очекувањата на ренгенолозите, ќе се користи и за снимање на лежечки пациенти на останатите одделенија штом ќе завршат новите ковид бранови.  

Според портпаролката на ЈЗУ „Општа болница“ Велес, д-р Елена Левкова Ќулумова за подвижниот Рентген апарат треба да завршат административните процедури. По средувањето на документите и овој апарат ќе пристигне во болницата.

Тогаш за потребите од дијагностика болницата ќе располага со три Рентген апарати бидејќи нема да се исфрли од употреба ниту стариот, аналоген, кој е набавен во 2009 година.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.