Општина Чашка донираше 10 батериски грбни прскалки на ТППЕ Велес за поефикасна борба со пожарите
Објавено: 5 август, 2025, во 14:14 часот
Во насока на зголемување на капацитетите за справување со пожари, Општина Чашка донираше 10 батериски грбни прскалки на Територијалната противпожарна единица Велес. Донацијата беше свечено предадена во присуство на командирот на ТППЕ Велес, Димче Јованов, и градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.
Овие современи грбни прскалки ќе овозможат поефикасна и побрза интервенција при појава на пожари, особено во тешко пристапни терени на територијата на Општина Чашка, но и во соседните општини со кои ТППЕ Велес соработува.
-Се надеваме дека со оваа скромна донација како општина ,дадовме свој придонес во зголемување на капацитетите со матријани средства на ТППЕ Велес, се со цел за поефикасно справување со пожарите таму каде што има потреба,истакна градоначалникот Горан Стојановски.
Со оваа донација, Општина Чашка ја потврдува својата заложба за заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, преку соработка со релевантните институции и вложување во современа опрема.
Стефани Манева


