Општина Чашка, прва во Македонија, со Регистер на адреси и куќни броеви во сите населени места (фото)
Со денешното свечено започнување на последната фаза од проектот којшто овозможи поставување на метални табли со улици и куќен број во село Мелница Општина Чашка ќе биде прва во државата со Регистер на адреси и куќни броеви.
Тимови на вработени од општинската администрација, во наредните неколку месеци, ќе ги посетат сите куќи во вкупно 41населено место за да ги постават сите 4.783 подготвени табли со куќни броеви, 214 со имиња на улици и 5 табли за инфраструктурни објекти наменети за паркови, за мостови и за плоштади.
Поставувањето денеска започна во село Мелница во присуство на градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски ,заменик директорот на Агенција за Катастар на Македонија, Амет Зибери, државниот советник за Геодетски работи, Сања Волканова Златаноска, советници во Совет на општина Чашка од село Мелница, претседателот на месната заедница и локални жители.
Адресен регистар за општина Чашка е проект кој се работеше измитаве две години финансиран и поддржан од Шведската развојна организација во соработка со Шведска Агенција за катастар и Агенција за катастар на недвижности во Македонија.
Убавка Јаневска