Општина Кавадарци објави Јавен повик за распределба на финансиски средства за спортски клубови, поддршка на спортски манифестации и иницијативи

Објавено на 3 април, 2025 во 15:51

Со јавниот повик општината ги повикува спортските клубови и граѓански здруженија во областа на спортот регистрирани на подрачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи да аплицираат со проекти за добивање на финансиска поддршка од буџетот. Апликациите треба да се достават до Општина Кавадарци најдоцна до 16 април, годинава.  

Комисија за спорт на Општина Кавадарци ќе ја врши распределбата на финансиските средства. Парите ќе се распределат врз основа на Правилникот за утврдување на критериумите. Исто така барателите на финансиски средства можат да аплицираат и за поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.