Органодарителство спасува како туѓ така и сопствен живот, констатираа учесниците на јавната панел дискусија во Велес (видео)

Објавено: 25 јули, 2026, во 11:57 часот

Велешанецот Илчо Гиовски е велешанец кој што пред околу 2,5 години бил донор на црн дроб за да го спаси животот на својата штотуку родена ќерка. Сега малото девојче расте и живее во Велес без здравствени проблеми а неговиот татко раскажа за искуството и апелираше до своите сограѓани сериозно да размислат на темата органодарителство.

Ова мало девојче од нашиот град имало среќа што црниот дроб на нејзиниот татко бил компатибилен со истиот нејзин внатрешен орган. Тоа штотуку родено бебе добило цеслосна грижа, нега, подготовка во процесот на трансплатација на Клиника за гастроентерохепатологија во Скопје се до моментот на испраќање на Клиника во Турција за да се изведе потребниот оперативен зафат. За добрата подготовка се грижела Проф. д-р Соња Бојаџиева педијатар игастроентерохепатолог од оваа македонска Клиника. Лекарката е дел од македонските врвни лекари специјалисти кои го поддржуваат органодарувањето за кое што рече:

Во моментов во Велес живее и младо момче чиј живот го одржува медицински апарат- пумпа наместо срце додека тој чека на Националната Листа за трансплатација. Момчето беше присутно на синоќешната Јавна панел дискусија за потребата од органодарителство во нашата држава. Звуците што многу често ги испушташе вградениот медицински апарат во неговото тело го распаруваа воздухот во просторот и воопшто не беа пријатни за слушање. Но трогателното искажување на неговата мајка од кое што се дозна за секојдневната борба за одржување во живот на своето дете преку грижа за „постојано полни батерии на кои работи апаратот во телото на нејзиниот син“, постојаните контроли на севкупната здравствена заштита, поттикнаа голем број присутни велешани да сватат колку е значајно да се биде органодарител.

Проф. д-р Билјана Кузмановска – анестезиолог и национален координатор за трансплантација е исто така дел од националната Кампања за органодарителство. Таа појасни дека законските измени кои донесени во Македонија ќе овозможат од 1 октомври годинава секој граѓанин да може да се пријави за органодарител.

Клучна улога во органодарителството од 1 октомври, годинава, ќе имаат матичните лекари. Д-р Лилија Чолакова Дервишова – претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија го објасни целиот  процес на станување на органодарител за да се спасат што повеќе човечки животи во државата.

Органодарителството ја има поддршката не само на врвните македонски лекари туку и на верските заедници, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и на Исламската верска заедница, чии претставници на синоќешната јавна панел дискусија исто така упатија мотивирачки пораки до граѓаните.

Интересна беше и пораката на Асс. Д-р Александар Колев -специјалист по кардиохирургија на Државна Кардиохирургија во Скопје. Д-р Колев откако наброја по што се низ времето, историски и културолошки гледано, Велес бил прв, го упати следниов апел:

Јавна панел дискусија во Велес е осма на Караванот кој што ги посетува градовите во Македонија кои досега посетил седум други градови во државата. Караванот е организиран од семејства на пациенти кои чекаат на органи од донори. Националните Листи на кои се наоѓаат пациентите за трансплатација на срце, на црн дроб, на бубрези и на бели дробови имаат варијабилни бројки.

Ако граѓаните се одлучат и го прифатат преку станување на потенцијален донори на органи овој начин на спасување на животи ќе придонесат спас за голем број од нив. Исто така и на себе си доколку во животот се појави потреба од дониран орган.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.