Оштетена фирма во Велес со 21.111 евра кои не стигнале кај вистинскиот сопственик

Објавено: 4 февруари, 2026, во 13:31 часот

Оштетата од 21.111 евра во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, ја пријавила 60-годишна велешанка која била вработена во оштетената фирма,

– Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.