Оставка на функцијата директор си поднесе директорот на Здравствен дом Велес, Нино Николов

Објавено на 20 август, 2024 во 09:00

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом  Велес Нино Николов, даде неотповиклива оставка на функцијата. Според него оставката имала лични причини.

„Јавната здравствена установа Здравствен дом Велес ја предавам без долгови и со позитивно салдо. Сметам дека во изминатата година ипол, колку што ја извршував функцијата тоа го правев професионално и совесно. Ги започнав и завршив проектите како што беа целосно реноворање на делот на објектот во Нова населба којшто му припаѓа на Здравствениот дом  и усовршување на лабораториските здравствени услуги за пациентите преку набавка на најсовремена апаратура. Подготвен е и обезбедена е дозвола за реконструкција на фасадата на главниот објект на Здравствен дом Велес, популарно наречена Уред,“ рече Николов за Дума.мк.

Тој додаде дека при изборот за директор дојде од адвокатската фела на која и се враќа со работа како адвокат.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.