OСВ: За случајот со непуштањето на новинарката на Дума.мк на судско рочиште, претседателката Ѓоргиевска беше на одмор, надвор од државата, неа ја Заменува заменик претседател

Основен суд Велес издаде соопштение за јавност во коешто напиша:
„Во врска со текстот објавен на веб порталот Дума.Мк на 10.03.2025 година под наслов „Судијката Тодорова не дозволи присуство на новинарка на рочиштето” „Пратеник Јамалов против советник Смилев” во Основен суд Велес, во кој е наведено дека авторката на текстот која е новинар не добила одговор на телефонскиот повик од претседателот на судот судијата Валентина Ѓорѓиевска, која и напишала порака дека е во странство, судот информира дека претседателот на судот на ден 10.03.2025 година беше отсутна од работа поради користење на ден од годишен одмор и истата беше надвор од територијата на Република Северна Македонија поради што објективно не беше во можност да оствари комуникација со новинарот.
Согласно член 13 став 3 од Судскиот деловник, во случај на отсутност или спреченост на Претседателот на судот го заменува Заменик претседател на судот.
Судот истакнува дека транспарентноста во работењето и известувањето на јавноста се високо поставени приоритети.“
Убавка Јаневска
