Откриен крадец на бакарен кабел од рампите на преминот на мост „Гемиџии“

Објавено на 9 јуни, 2025 во 15:35

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес вчера, во 13:10 часот, го лишиле  од слобода С.О.(22) од Велес којшто  се сомничи дека ја извршил последната кражба на бакарен кабел од железничкиот премин на мост „Гемиџии“ во центарот на Велес. Осомничениот со кражбата ја оневозможил работата на подвижната рампа на железничката пруга Скопје – Гевгелија, која минува низ Велес.

„Тој се сомничи дека на железнички патен премин на улица „Илинденска“ во Велес со употреба на подесен алат одзел бакарен кабел што служи за кревање и спуштање на рампата. Увид на местото ивршила увидна екипа на СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.

Од полицијата додадоа дека по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.