Отворен есенскиот базар во склоп на велешката Питијада, во недела следува и изложба на олдтајмери

Објавено на 10 октомври, 2025 во 14:24

Улицата Благој Ѓорев, кај влезот на Гимназијата „Кочо Рацин“ претворена е во вистинска есенска чаршија. На есенскиот базар организиран во склоп на велешката манифестација „Питијада 2025“ изложени се рачни изработки од најразличен вид – украсни свеќи, медни производи, накит, декорации и уште многу производи направени со многу љубов и умешност. Сè што може да се изработи со две раце и креативен ум – токму тоа нуди овој шарен и живописен базар кој е резултат на креативците од нашиот град.

-Интересот за годинешниот есенски базар е голем. Пријавени се 20 ракотворци и секој од нив носи нешто уникатно. Целта е да се прикаже и поддржи домашната креативност, велат организаторите.

Покрај базарот којшто ќе трае три дена, во недела на 12 октомври, од 11 часот, љубителите на автомобили ќе можат да уживаат во изложба на олдтајмери. Настанот, организиран од Здружението „King of the streets“, ќе се одржи на потегот од кружниот тек кај Авона до Бос, претворајќи го овој дел од градот во сцена од минатото.

Есенскиот базарот и изложбата се одлична можност за семејно дружење, поддршка на локалните уметници и уживање во ретки автомобили, во духот на есенската Питијада.

Манифестацијата веќе ги собира граѓаните на едно место а свеченото отворање е резервирано за во 17:45 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.