Отворен јубилејниот ИФФ „Велес 2025“, учесниците атрактивни и полн Амфитеатар со публика (видео и фото)

Исто како на велешките улици каде годинешните учесници на 20 Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“ беа дел од Дефиле така и во Амфитеатар на Младински парк домаќините не ги штедеа овациите и аплаузите за да ги наградат настапите на фолклористите, ансамблите, музичарите и уметниците.


Пред свеченото отворање на фестивалот настапија и најмладите Велешани од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ како и хористките и хористите на Градскиот хор „Свети Кирил и Методиј“ кои ги изведоа химните на Македонија и на градот Велес.
„Навистина е прекрасно во Амфитеатар на Младински парк да се видат единството и различноста како и раскошот на фолклорот на традиционалната култура на народите од пет континенти во светот, Азија, Јужна Америка, Европа, Северна Америка и Австралија на фестивал што верувам долго ќе го паметиме,“ рече Томе Јаневски од Организационен одбор на ИФФ „Велес“.
Откако Јаневски го прогласи за отворен јубилејниот Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“ започнаа преставувањата на учесниците.






Убавка Јаневска
